Жените сакаат кармини, а тоа и не е некоја тајна.

Цените на овој производ за убавина варираат, па можете да ги купите во опсег од неколку стотини денари, до неколку стотини евра. Освен еден, кој чини 14 милиони долари.

Да, добро прочитавте, 14 милиони долари!

Најскапиот кармин на светот доаѓа од брендот за убавина „Х. Couture Beauty Diamond Lipstick”, а притоа не е нешто што е најново на пазарот.

Поради својата цена, тој не е достапен за сечиј џеп, но веруваме дека ќе можете да преживеете без овој кармин во вашата колекција.

Доаѓа во пакет со луксузна маскара, а интересно е што на купувачите на овие производи имаат гаранција на доживотна залиха од истите.