Водителката Опра Винфри, која се врати во центарот на вниманието на јавноста во март, по интервјуто со Меган Маркл и принцот Хари, беше гостин во емисијата на д-р Мехмет Оз, попознат како Доктор Оз.

Таа му раскажа за траумите што ги доживеала како дете. Семејното насилство кое било дел од нејзиното секојдневие додека живеела со нејзините баба и дедо во Мисисипи.

Спиев во креветот со баба ми кога среде ноќ дедо ми влезе во собата и започна да ја дави баба ми со рацете, а таа врескаше. Успеа да го оттурне и истрча од собата, а јас трчав по неа. После тоа, таа ќе ставеше столче под рачката од вратата, и врзуваше неколку лимени конзерви околу столот и така спиевме секоја вечер, наслушувајќи дали ќе се занишаат лименките и што ќе се случи ако рачката се помести“, откри Опра, обидувајќи се да не се расплаче.

Сепак, Винфри вели дека и нејзината баба понекогаш била насилна. Водителката истакна дека и нејзината баба ја малтретирала.

epa-efe
EPA-EFE/ALBA VIGARAY

Како дете, Опра носела вода од бунар и со прстите си играла со водата. Нејзината баба толку се налутила што таа си играла со водата за пиење, што почнала да ја удира со камшик по грбот. Нејзиното најлошо беше кога другите забележаа дека е претепана.

Кога подоцна се облеков за да одам во црква, на грбот ми се отвори лузна и ми го раскрвари фустанот“, се сеќава таа.