Дали знаевте дека постои јога која е специјално креирана за нашиот мозок? Се верува дека практикувањето на јогата за мозок може да ја подобри моќта на мозокот, прочитајте како…

Јогата е техника за која е научно потврдено дека позитивно влијае на подобрувањето на менталното и физичкото здравје.

Јогата буквално го крепи телото, нашите органи, меѓу кои спаѓа и мозокот.

Таа е позната како најдобрата физичка активност за релаксирање, а освен тоа, јогата може да ви помогне да ја подобрите фокусираноста, меморијата и да го зачувате когнитивното здравје на мозокот.

Јога вежбите наменети за мозокот се одлични за подобрувањето на протокот на крв во пределот на мозокот и поттикнувањето на потребното ниво на кислород кое е непоходно за нашата меморија.

Јога вежбите кои ќе ги погледнете во видео прилогот траат само 12 минути, а содржат движења кои го зацелуваат мозокот, му даваат правилно ниво на крв и кислород, го опуштаат умот, го подобруваат фокусот, ја будат креативноста и го подобруваат помнењето.

Вежбајте го вашиот мозок подеднакво како и секој мускул на телото…