Натпреварот Манчестер Јунајтед против Ливерпул беше одложен откако околу 200 навивачи упаднаа на стадионот на „Олд Трафорд“ во знак на протест против сопствениците на клубот од семејството Глејзер. Дуелот требаше да започне во 17:30 часот, но почетокот е одложен од безбедносни причини.

Навивачите на Јунајтед излегоа на теренот да протестираат и откако беа отстранети, некои се вратија повторно подоцна. Протести има и пред хотелот на фудбалерите на Јунајтед.

Се појави протест и пред хотелот во кој престојуваа играчите на Јунајтед пред натпреварот. Протестите следуваат по одлуката на Јунајтед, заедно со пет клубови од Премиер лигата, да се приклучат на Европската Супер лига минатиот месец, се разбира пред сите да се повлечат.