Втор земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, го погоди округот Елбистан во турската провинција Кахраманмарас. Според извештаите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар вториот земјотрес се случи во 13:24 часот по локално време. Земјотресот бил на длабочина од два километри, на оддалеченост од 67 километри североисточно од Кахранманмараш.
A new #earthquake of the magnitude 7.8 occurred in #Turkey News Reporter Running and Screaming #TurkeyEarthquake pic.twitter.com/5sRtxaBB3Q
— Amit Sahu (@amitsahujourno) February 6, 2023
Засега не е познато колкава штета е направена од вториот земјотрес, кој исто така се почувствувал низ целиот регион.
Официјален претставник на турската Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби изјави дека тоа не бил последователен потрес и дека е независен од земјотресот утринава.
Најмалку 70 загинати веќе беа пријавени низ Кахраманмарас по првиот земјотрес.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека најмалку 912 луѓе загинаа во Турција во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата утринава. Тој додаде дека во земјотресот се повредени 5 383 луѓе, а 2 818 згради се урнале во Турција.