Сите сме имале прилика да уживаме во убав огномет како гости на некоја приватна прослава, на плоштад за новогодишната ноќ или на други бројни празници и настани.

Ракетите што се распрскуваат во разнобојна светлина на ноќното небо се дел и од бројни деловни прослави, капитални инвестиции, а за тоа сведочи и виралното видео од Босна и Херцеговина, кое деновиве е популарно на социјалните мрежи.

За време на отворањето на градилиште на автопатот кај Шаплина, верувале или не, сред бел ден прославата била „збогатена“ со огномет. Видеото е направено пред две години, но стана популарно на социјалните мрежи овие денови.

Освен звукот и некаква црвена трага што се гледа на ведрото небо, ги остави публиката и гостите разочарани, но и збунети за оваа одлука на организацијата.

Сред бел ден е невозможно да се видат раскошните бои на огнометот, а токму поради тој факт, коментарот „Ова е невидено добар огномет“ собра најмногу симпатии на социјалните мрежи.