Милвоки Бакс славеше над Вашингтон Визардс со 117-111 и тоа во меч кој имаше интересен крај за кој се погрижи Јанис Адетокумбо. Имено Гркот сакаше во секоја цена да дојде до трипл-дабл, па ја зема топката и истата ја пренесе на противничката половина по кошот каде намерно промаши за да дојде до скок и учинок од 23 поени, 13 асистенции и 10 скокови.
Ова помина во прв момент и асот на Милвоки се израдува на четвртиот трипл-дабл во сезоната, но од НБА ги разгледуваат сите статистики од мечевите и знаат да направат корекција, па така е со сличајот со Јанис на кого му е одземен, поништен последниот скок.
The league has rescinded Giannis Antetokounmpo’s 10th rebound last night, per @ZachLowe_NBA
— NBACentral (@TheNBACentral) March 6, 2023
Според правилата шутот да се смета за важечки играчот мора да има намера да постигне кош, а во ситуацијата на Јанис се е јасно./Дерби.мк