Реал Мадрид одлучи во март минатата година да започне со реконструкција на легендарниот стадион „Сантијаго Бернабеу“.

„Кралевите“ оттогаш своите натправари ги играат на малиот стадион „Алфредо ди Стефано“ каде вообичаено игра резервниот тим, а сега се појави новиот концепт на „Сантијаго Бернабеу“ кој не само што ќе биде фантастично здание туку ќе има и неколку неверојатни додатоци.

Главниот акцент е ставен на теренот кој ќе биде подвижен и лесно заменлив и многу малку ќе му потребно од фудбалски да се претвори во тениски, кошаркарски или хокеарски терен или пак на него да се одржуваат концерти.

Бидејќи „Сантијаго Бернабеу“ се наоѓа многу блиску до станбени комплекси, архитектите најдоа решение како тоа да го изведат, од едната страна на теренот ќе биде ископана дупка од 30 метри во која ќе се чува опремата за терените и разните подлоги.
Планот е тоа да се направи на неколку спратови, а сите терени би биле поставени на шини.
Интересно е што „Сантијаго Бернабеу“ треба да добие и своја метро станица која ќе се наоѓа точно под стадионот со што навивачите ќе можат директно од метро да доаѓаат на стадионот.