Се вратија навивачите на трибините, па се вратија и инцидентите. Имено, на квалификацискиот меч помеѓу ПСВ Ајндховен и Галатасарај (5:1) настана мешаница на трибините во која навивчите на турскиот тим можеа да настрадаат, а меѓу нив имаше и малолетници, односно деца.

Навивачите на Галатасарај, во помал број, ја промашиле трибината, па се нашле некако на местото каде што се најжестоките навивачи на домашниот тим. Кога Галатасарај во 42-та минута го постигна единствениот гол на овој меч, нивните навивачи почнале да слават. Но, тоа не им се допаднало на фановите на ПСВ, па ги нападнаа со тупаници и клоци. За среќа, брзо избегаа навивачите на Галатасарај, обезбедувањето реагираше и спречен е нивен линч. Нема информации дали има повредени, а УЕФА најави истрага.