Само шест правосилни пресуди од сите случаи на СЈО и една конфискација на имот во предметот „Труст“ на осудениот Сеад Кочан. Ова е досегашниот резултат во борбата против високата корупција во изминатите пет години.

Министерот Бојан Маричиќ најави дека во 2021 година проритет ќе биде враќањето на довербата во правосуството.

„Да нема повеќе наши, ваши и недопирливи судии и обвинители“. Оваа изјава на министерот Маричиќ, сме ја слушнале од сите претходни министри и премиери, но сите досегашни реформи не го исфилтрираа правосудството од непрофесионалците и медикритетите. Тој сега најавува нова методологија на проверка на судиите и обвинителите.

Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ смета дека најновото филтрирање нема да ги исфрли неподобните, бидејќи тоа нема да биде вистински ветинг. Таа не очекува дека годинава ќе се случат круцијални реформи.

Погледнете го интервјуто со извршната директорка на Коалцијата „Сите за правично судење“, Натали Петровска, со која разговараме и за судиите од тефтерчињата, зошто нема случаи на висока корупција и дали 2021 ќе биде година на реформи или празни ветувања. /Зоом.мк