Позната пејачка Мараја Кери е една од бројните славни личности кои решија против пандемијата да се борат со помош на вакцина. 

Со цел да ги охрабри своите фанови да го следат нејзиниот пример, пејачката го документираше примањето на првата доза вакцина и видеото го објавина својот инстаграм – профил.

Покрај важната порака која Мараја сакала да ја пренесе до сите нејзини фанови за важноста на вакцината како единствен излез од оваа пандемија таа дополнителни и ги расположи во овие тешки денови.

Забавниот момент се случува кога пејачката ќе ја боцнат во рамото и таа потскокнува од моменталната болка предизвикана од иглата придружувајќи ја својата реакција со силен врисок.

Мараја пред да се вакцинира преку видеото кажува дека се плаши малку од боцкање, а нејзината искрена реакција и смисла за хумор ги расположи сите кои го погледнаа видеото.