Светската дива, Мадона, на својот инстаграм – профил објави видео на кое се гледа како нејзиниот син Дејвид Банда шета низ куќата во тесен свилен бел фустан.

Дејвид носи на себе носи пар бели патики и црни очила за сонце.

„Самодовербата е сè“, напиша Мадона под објавата.

Кон крајот на видеото, Дејвид истакна дека се чувствува многу „слободно“ во фустанот.

Мадона ги воодушеви своите следбеници со видеото, па многу светски ѕвезди реагираа на објавата:

„Омг, го сакам. Погледнете го, Наоми“, напиша Деби Мазер, алудирајќи дека синот на Мадона изгледа како Наоми Кембел.

Мадона го посвои Дејвид во 2006 година од селото Липунга во африканската држава Малави. Покрај него пејачката има уште пет деца.