Атлетико Мадрид вечерва на домашен терен во најсилното шпанско првенство успеа да го совлада Хетафе со 1:0.

Херој на домаќините беше уругвајскиот интернационалец Луис Суарез кој во 20 минута од средбата го реализираше единствениот погодок на дуелот.

Караско центрираше од прекин, а одличен гол со глава постигна екс членот на Барса, вкупно досега осми за неговиот клуб.

На табелата „јорганџиите“ после 11 триумф (трет по ред) сезонава остануваат на врвот на табелата со 35 бодови, два повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, додека Хетафе е на 14 позиција со 17 бодови.

Во рамките од 16 коло во „Ла Лига“ денеска се одиграа уште два меча, Гранада со 2:1 беше подобра од Валенсија, а со истиот резултат Селта Виго славеше против Хуеска.