Кортни Кокс, актерката која е најпозната по улогата на Моника во серијата „Пријатели“ има нова цимерка. Имено, славната водителка Елен Деџенерис откри дека неодамна ја продала својата куќа на Беверли Хилс, и дека се вселила во домот на Кортни, тврдејќи дека причината за тоа не се проблемите со нејзината партнерка Порша де Роси.

„Немам брачни проблеми. Не живеам веќе со Кортни Кокс, бидејќи сум исфрлена од домот“, изјави во својата емисија Елен, која во изминатите месеци беше на пик на јавноста поради обвинувањеата за мобинг над своите вработени.

Кортни се пошегува дека не е најзадоволна од новата ацимерка.

„Бев нервозна дека ќе престојуваш тука, па ги поместив сите свои работи на десната страна од бањара за да имаш простор на полиците. Навистина се подготвував за тебе“, изјави Кокс.

„И одеднаш гледам дека мојата четкичка не е на мојата страна и дека ја нема мојата шминка. Ми ја презема страната. Ти си лоша цимерка“, додаде Кортни низ шега.

„Мислам дека Порша ја презема твојата страна“, одговори Деџенерис, прифаќајќи ја шегата.