„Вардар е веќе второлигаш, и кај вистинските навивачи тоа ништо не менува. Нема да дозволиме ниту во еден момент никој да се сити на оваа состојба, туку со насмевки и со кренати глави ќе чекориме, затоа што нема поголема казна за душманите од тоа да им покажеме дека не можат да не скршат со ништо. Радоста е најголемото наше оружје, нашата среќа ќе ги докрајчи пред се оние кои потрошија многу ресурси, време и пари за да се случи вакво сценарио, и повторно машки застанавме, и малку фалеше да оствариме комплетна победа“, напишаа на Фејсбук.