Новиот кинески брз воз маглев (магнетна левитација), кој денес излесе од производната лента е дизајниран да достигне брзина до 600 километри на час, што го прави во моментов најбрзото копнено возило во светот.

Advertisements

Возот ја доживеа својата премиера во крајбрежниот кинески град Чингдао, во источната провинција Шандонг.

Се очекува возот да помине растојание од 1.000 километри за два и пол часа.

„Кина самостојно го разви овој воз, кој ги рефлектира најновите научни и технолошки достигнувања на таа земја во областа на железничкиот транзит“, објави Кинеската железничка корпорација.

Прикажи повеќе