Пејачката Кети Пери пред неколку месеци стана мајка на Дејзи, која ја доби со актерот Орландо Блум. Но, таа сега ги шокираше сите гледачи на „Американски идол“ кога во шоуто се појави во фустан специјализиран и прилагоден за мајки кои дојат.

Имено, Кети, која е член на жирито на популарното натпреварување, во неделата навечер откри дека нејзиниот фустан од бендот „Christian Siriano“ имал панел за доење, а потоа го откачила и го покажала на сред емисија.

„Мојата омилена мајка  во моментов е во просторијава. Покажи го тоа“, рече Линоел Ричи, кој исто така е во улога на жири во споменатото шоу, а потоа пејачката го откопча фустанот и го покажа специјалниот градник.

„Ако сте гладни, јас сум подготвена да ве нахранам“, рече Пери, покажувајќи на нејзиниот градник и подлога за доење под фустанот.

Ричи потоа ја пофали пејачката за „преминот од поп – ѕвезда во супер мајка“ на што пејачката одговориме дека ужива во нејзината нова улога како мајка.