Деновиве нашиот модел Катарина Ивановска и кошаркарот Перо Антиќ се во центарот на вниманието на македонската јавност откако споделија заедничка фотографија на социјалните мрежи.

Додека едни шпекулираа дека Ивановска и Антиќ веќе некое време уживаат во заедничката љубов,  други тврдеа дека станува збор за чисто пријателство.

Instagram
Instagram

Сепак, Катерина Ивановска во своето интервју за „Бекстејџ“ реши да стави крај на дилемата.

Секако, разговорот не можеше да помине без прашањето за нејзината врска со екс кошаркарот Перо Антиќ. Иако не потврди со да или не, сепак даде интересен одговор на прашањето.

Среќни сме заедно“, одговори таа.

Манекенката зборуваше за својот единствен моден ангажман за време на пандемијата, но и за нејзиното остварување како мајка на две деца.

Животот ми е толку исполнет со убави нешта, што немам време ни да мислам на пандемијата… Иако го прележав вирусот, но без потешка клиничка слика“, вели моделот.