Лестер го совлада Манчестер Сити во Комјунити Шилд, или англиски суперкуп, традиционално пред почетокот на новата сезона, со 1:0 и со тоа не му дозволи на силниот тим на Гвардиола да ја започне новата сезона со трофеј. Стрелец на единствениот гол беше Ихеаначо во 89-та минута, а Сити беше подобар противник на овој меч. Еден од заслужните што Лестер го освои трофејот е голманот Каспер Шмајхел кој се истакна со своите одбрани, а особено при ударот на Гундоган од прекин уште во првите неколку минути од мечот.