Што и да се случи во последното коло Интер како шампион и Аталанта, која сега е на второто место, веќе обезбедија пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Сепак, на 23-ти мај не очекува вистинска лудница бидејќи Милан, Наполи и Јувентус ќе бркаат пласман во ЛШ. Милан пропушти голема шанса вечерва откако освои само бод на домашен терен против Каљари и одигра без голови.

Сега, Милан е на третото место со 76 бодови, Наполи е на четвртото место со исто толку бодови, а Јувентус е на петото со еден помалку,

Милан има тешко гостување кај Аталанта во Бергамо, Јувентус гостува кај незгодната Болоња, додека во најдобра позиција се чини дека е Наполи кој на домашен терен игра против Верона.