Доцна синоќа Рома потврди дека од следната сезона Жозе Мурињо ќе биде нивен тренер. Ова секако е помалку изненадување ако се знае дека со Интер, Португалецот има освоено триплета и постојано велеше дека во Италија за него има само еден тим.

Но, тоа не е така, а во моментов и не е важно. Сепак, хит на социјалните мрежи е реакцијата на актуелниот тренер на Интер Антонио Конте кога дозна дека Мурињо е тренер на Рома. Токму Конте ја прекина доминацијата на Јувентус и со Интер оваа сезона освои титула. Последен пат Интер се радувал токму со Мурињо.