Новиот документарец ќе го прикаже животот и кариерата на легендарната пејачка Тина Тарнер. Филмот едноставно наречен „TINA“, премиерно ќе се прикаже на „HBO“ и „HBO Max“ на 27 март.
„Јас сум девојката од полето со памук, кое успеа да се извлече над уништувањето и грешките“, објаснува Тарнер во новиот трејлер за документарниот филм.
Родена како Ана Меј Булок, Тарнер ја започна својата кариера уште како тинејџерка, настапувајќи во ноќни клубови кон крајот на 50-тите години на минатиот век.
Ѕвездата се прослави меѓу 60-тите и раните 70-ти години со хитовите како „A Fool in Love“, „It’s Gonna Work Out Fine“, „Proud Mary“ и „River Deep – Mountain High“ објавени во соработка со нејзиниот тогашен сопруг Ајк Тарнер.
Иако Тарнер доживеа „затишје“ во доцните 70-ти, таа се врати посилна од кога било со соло албумот „LP Private Dancer“ од 1984 година со кој доживеа неверојатен успех.

Честопати нарекуваната „Кралица на рокенролот“ Тарнер, со години ги полнеше насловните страници на медиумите кои пишуваа за секој нејзин подем и пад.
Биографскиот филм за нејзиниот живот „What’s Love Got to Do With It“, во кој ја глуми актерката Ангела Басет, беше објавен во 1993 година.
Басет е една од многуте значајни ѕвезди кои ќе се појават во претстојниот филм „TINA“, обезбедувајќи интервјуа за животот на легендарната пејачка. Се појавуваат и Опра Винфри, поранешниот водител Курт Лодер, Катори Хол и сегашниот сопругот на Тарнер, Ервин Бах.
Во новиот филм ќе бидат прикажани досега невидени архивски снимки, ретки аудио материјали и лични фотографии и интервјуа со ѕвездата.