Кога Англија ја помина групата на ЕП, кога ги газеше сите противници, Англичаните почнаа да ја пејат „ It’s coming home“, алудирајќи на тоа дека пехарот од ЕП се враќа дома, односно во лулката на фудбалот, онаму каде што за прв пат настанал овој спорт. Бројни вакви транспаренти беа на стадионите, низ улиците, се пееја вакви песни. Сепак, Италија славеше во финалето, па Италијанците веднаш зборчето „Home“ го преправија во „Rome“. Ова секако важи како провокација за Англичаните, а можност уште повеќе да ги провоцираат не пропоуштија ниту репрезентативците.