Фудбалерите на Интер го искористија киксот на Милан и поразот од Специја со 2:0, па со победа во дербито против Лацио од 3:1 ја пезремаа лидерската позиција каде ќе ја поминат паузата поради репрезентативните термини.

Оваа победа за Интер значи многу од психолошки аспект бидејќи токму во следното коло, на 21 февруари се игра градското дерби, помеѓу првиот и вториот.

Инаку, на мечот со Лацио, резултатот го отвори Лукаку со гол од пенал во 22.минута. Истиот играч зголеми на 2:0 во 45-тата минута. Беше сигнализиран офсајд, но голот е признаен по реакцијата од ВАР собата бидејќи беше утврдено дека по лизгачкиот старт на Брозовиќ, топката од фудбалер на Лацио се одбила до Лукаку.

Во 61-та минута при еден прекин и шут на Милинковиќ-Савиќ, топката удри во Ескаланте и го измами Хандановиќ со што Лацио намали на 2:1. Сепак нивната радост траше само три минути, кога Лукаку при една контра како брз воз ја претрча одбраната и асистираше на Мартинез за конечни 3:1. Интер е прв со 50, а Милан втор со бод помалку.

loading…