Вчера целиот Балкан се потресе од веста за смртта на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ. За неговата големина ќе зборуваи бројните стихови кои засекогаш ќе останат во нашето сеќавање и ќе живеат вечно.

Веста за неговата смрт молскавично се рашири низ сите земји на поранешна Југославија. Од славниот Балашевиќ на социјалните мрежи се простија многу познати личности, музичари, актери и почитувачи на неговиот лик и дело кои за последен пат му оддадоа почит.

EPA
Фото EPA PHOTO/FILES/FEHIM DEMIR

Од Балашевиќ се прости и нашиот познат актер Игор Џамбазов, како што доликува за ваков човек – со песна. Џамбазов на својот инстаграм – профил сподели видео со своја изведба на познатата песна на Балажевиќ од 1985 – „Slovenska“.

ВИДЕО: Балашевиќ од своите нумери дефинитивно направи уметност и влезе во вечноста

Почина Ѓорѓе Балашевиќ