Викендов уживавме во бројните фотографии од празничните трпези кои беа споделувани на социјалните мрежи од нашите познати личности или наши блиски пријатели и роднини.

Наместо традиционалните фотографии од празничната атмосфера омилениот пар на македонската јавност се одлучи за викенд без социјални мрежи, без интернет, без струја и вода.

Игор Џамбазов и Илина Арсова за еден од најголемите христијански празници решија да не бидат достапни за јавноста и комплетно да се сплотат со природата.

Илина на својот инстаграм – профил објави видео преку кое ги информираше бројните фанови на парот дека ќе бидат недостапни за празниците упатувајќи велигденска честитка до сите со најубави желба.

Што мислите за еден викенд без струја, без интернет и вода само од природните извори на планината. Ние гасиме телефони, поздрав до сите и честити празници, стои во изјавата на Илина.