Голем дел од поранешните фудбалери испраќаат зборови на поддршка за нашата репрезентација која се повеќе и повеќе ги собира нивните симпатии.

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо денеска преку видео порака испрати поддршка за македонската фудбалска репрезентација за Европското првенство.

Официјално, шампионатот на Европа стартува вечерва од 21 часот во италијанската престолнина. Италија ќе ја пречека Турција на отворањето, додека пак „рисовите“ ќе се соочат со првиот опонент Австрија во недела од 18 часот.