Пет лица се уапсени, а повеќе од 1.000 се парично казнети за собир на илегална новогодишна забава во Франција, соопштија локалните власти.

– Околу 1.200 парични казни се изречени веднаш, откако полицијата ја прекинала забавата, напиша францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин на Твитер.

Запленети се камиони, озвучување и генератори, а полицијата ја продолжува истрагата за организаторите на забавата да бидат остро санкционирани, додаде Дарманин.

– Од 1.200 казнети, 800 ги прекршиле епидемиолошките мреки додека против 400 се поднесени пријави за поседување на наркотици, изјави пред новинарите, Пјер Сугериван, шеф на жандармеријата во Бретања.

Возачи на 20-ина возила, вклучувајќи ги и камионите со кои е превезена опремата, успеале да побегнат, додаде тој.

– Постои судска истрага која ќе ни овозможи да ги идентификуваме главните сторители и да ги уапсиме, порача Сугериван.

Над 2.500 лица се собраа на илегална новогодишна рејв забава во регионот Бретања и покрак строгите владини мерки и ограничувања и националниот „полициски час“ со цел за спречување на ширењето на коронавирусот. Локалната полиција се обидела да ја прекине забавата, но токму тогаш настанал хаос.

– Запален е полициски автомобил и оштетени се уште три возила. Има и полесно повредени полицајци која луѓето кои вбиле на забавата ги гаѓале со шишиња и камења, соопшти полицијата.

Според проценка на локалните власти, на забавата имало околу 2.500 лица од различни делови на Франција, но и од други земји, објави „Си-Ен-Ен“.

Пренесено од blic.rs.