Пушењето е штетно за здравјето. Тоа сите го знаеме, но и покрај се, многумина пушат и свесно го загрозуваат сопственото, но и здравјето на луѓето околу нив.
Д-р Чен на социјалните мрежи објавил видео со мандаринскиот збор „јејејан“, во превод: „Престанете да пушите“.
Мажот починал од откажување на белите дробови. Видеото, снимено за време на операцијата, го погледнале повеќе од 25. милиони луѓе на социјалните медиуми, коментирајќи дека тоа е најдобрата кампања против пушењето што ја виделе досега, пренесува Daily Mail.
„Мажот пушел повеќе од 30 години! Прогласија мозочна смрт и набргу потоа му беа донирани белите дробови. Првичните тестови за заситеност на кислород беа добри, но кога ги експлантиравме органите, сфативме дека не можеме да ги користиме“, истакнува хирурзот за трансплантација др. Чен појаснувајќи какви се тоа стандарди кога станува збор за белите дробови.