Екипата на Виљареал дојде до победа на гостински терен кај Гранада (0-3). Со трите гола на Жерард Морено, тимот на Виљареал стигна до убедлив триумф.

За издвојување е и промашениот пенал на играчот на домаќините Молина во 80. минута од мечот. Вилјареал со триумфот се искачи на 5. место на табелата со 46 бода, додека Гранада останува 8. со 36 гола.

Морено е најдобар стрелец на Виљареал и на своето конто има 22 постигнати гола сезонава. Тимот се наоѓа на петтото место, во следното коло е домаќин на Осасуна. Гранада е осмопласирана.