Џејмс Харден и Кевин Дурент се потсетија на деновите кога играа и блескаа заедно во редовите на Оклахома Сити Тандер. А откако ќе им се придружи и Кајри Ирвинг, тоа ќе биде страшна „тројка“.

Доцна синоќа во НБА лигата во дебито за Бруклин, Харден против Орландо забележа 32 поени, 14 асистенции и 12 поени, додека Дурент имаше 42 поени.

Нетси славеа со резултат 122:115, Дурент после едногодишна пауза, сега е на просек од 30 поени. Кога Оклахома ја водеше во финалето во 2014 година, реализираше 32 поени по меч. Тогаш го имаше Вестбрук, а сега го има Харден.

На спротивната страна за „магичните“ доминираше црногорскиот интернационалец Никола Вучевиќ со 34 поени, 10 скока, седум асистенции. Тој е првиот центар во НБА историјата кој имал ваков учинок, со повеќе од пет тројки.

НБА, резултати –

Сан Антонио Спарс-Хјустон Рокетс 103:91
Бруклин Нетс-Орландо Меџик 122:115
Торонто Репторс-Шарлот Хорнетс 116:113
Мемфис Гризлис-Филаделфија Сиксерс 106:104
Мајами Хит-Детроит Пистонс 100:120
Феникс Санс-Индијана Пејсерс (одложено)
Портланд Трејл Блејзерс-Атланта Хокс 112:106