Борусија Дортмунд повторно не победи. Овој пат одигра 2:2 против Хофенхајм. Борусија поведе со голот на Санчо, израмни Дабур, а на стартот на вториот дел Бебоу донесе водство за гостите. Сепак, Ерлинд Халанд во 81-та минута постигна гол за 2:2, што се покажа како конечен резултат.

Но, кога го постигна голот, Норвежанецот беше нападнат од противничките играчи. Тие сметаат дека голот е постигнат на кукавички начин, бидејќи еден играч на Хофенхајм лежел на тревата и се жалел на повреда.

loading…