Манчестер Сити гази се пред себе во изминатите неколку кола. Нова „жртва“ на тимот на Пеп Гвардиола беше Жозе Мурињо и неговиот Тотенхем. Граѓаните славеа со убедливи 3:0. Родри и Гундоган со два гола го решија натпреварот. Гундоган игра во фантастична форма. На последните 10 меча постигна осум голови, па веројатно е еден од најзаслужните за одличните партии на Сити кој ја забележа 15-тата победа во низа во сите конкуренции. Последен пат тимот на Гвардиола не победил на некој меч е оној против против ВБА на домашен терен во декември минатата година.

loading…