Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев одигра уште еден одличен меч во дресот на Џенова. Иако влезе од клупата за резервни фудбалери на почетокот на второто полувреме успеа да го разигра својот тим и да го ублажи поразот од Аталанта. Гостите од Бергамо водеа со 3:0 по првите 45 минути, а конечниот резултат беше 4:2. Пандев постигна гол во 67-ма минута, а во финишот на мечот му асистираше на Шумуродов за конечни 4:2. Ова е 101 гол на Пандев во Серие А. На две кола до крајот, Џенова и Пандев имаат обезбедено опстанок во лигата.