Леванте славеше со 2:4 против Ваљадолид во осминафиналето од кралскиот Куп.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди со вистински евро-гол се врати во првиот тим на Леванте. Леванте славеше со 2:4 на гостувањето кај Ваљадолид во осминафиналето од шпанскиот Куп, а Барди учествуваше со фантастичен гол.

Македонскиот репрезентативец во 23. минута со одличен шут од слободен удар успеа да го совлада голманот Хименез и да му донесе израмнување на својот тим. Претходно Ваљадолид поведе во 13. минута со голот на Тони.
Само Лионел Меси има постигнато повеќе голови од слободни удари од Барди откако пристигна во Леванте (2017 година). Ова беше седми гол за македонскиот репрезентативец од слободен удар, додека Меси има постигнато 21 гол.

Леванте преку Малса поведе со 1:2, а во 59. минута Коке ја зголеми предноста на 1:3. Ваљадолид во 65. минута ѕспеа дса намали на 2:3 преку Вајсман, а конечниот резултат го постави Моралес во финишот од натпреварот.