Наполи го совлада Асколи во пријателски меч со 2:1, а стрелец на еден од двата гола за победничкиот тим беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Добро му оди на подготвителниот период, Спалети има голема доверба во него, па да се надеваме дека во новата сезона, која почнува за неколку дена, Елмас ќе блесне.