Канадското семејство слушнало силна бучава што доаѓала од улицата во нивното маало среде ноќ. Бидејќи семејството живее во тивка населба, тие не знаеле што се случува, но набрзо откако ги погледнале снимките од безбедносните камери останале шокирани.

Камерата снимила автомобил кој вози со преголема брзина, губи контрола и удрира во одвод и се превртува. Во описот на видеото се вели дека возачот поминал само со полесни повреди и дека никој друг не е повреден, а на видеото можете да видите зошто ова е вистинско чудо.

Извор: Јутуб