Јанис Адетокумбо одигра натпревар за паметење во финалето на НБА плејофот. Девин Букер постигна 31 поен (7-12 за три поени), а имаше и шест асистенции и пет скока, со што го предводеше Феникс санс до триумф против Милвоки бакс со 118:108 и водство во финалето на НБА со 2:0 во победи.

Ова е вторпат по ред како „сонцата“ постигнуваат идентичен број поени, кои како да се покажуваат како идеална граница за обезбедување триумф. Тие сега се на двочекор од влез во историјата, со оглед што никогаш досега не биле прваци во најсилната лига на светот, а ова им е второто големо финале по епската пресметка на Чарлс Баркли и Мајкл Џордан во 1993 година.