Кошаркарите на Феникс Санс се чекор поблизу до финалето на НБА лигата, откако направија „брејк“ во Лос Анџелес и ги победија Клиперси со 84-80.

Натпреварот помина во цврста игра во која двете екипи одиграа одлично во одбраната, притоа промашувајжи голем број на отворени шутеви.

Феникс водеше буквално во текот на целиот меч, од првата до последната минута, Клиперс во последниот период дојдоа до негатива од еден поен разлика, но не успеаа да направат пресврт.

Само по два дена, ноќта кон вторникот во 3 часот по средноевропско време, Санс на својот паркет ќе имаат шанса да дојдат до третата конференциска титула во клупската истприја, по оние од 1976 и 1993 година.

Доколку ги мине Клиперс, екипата од Феникс ќе се пласира воедно и во третато големо финале на НБА лигата. Во претходните два настапа Санс беа поразени од Бостон Селтикс во 1976 со 2-4 во серијата, и од Чукаго Булс во 1993-та исто така со 2-4.