Селекцијата на Холандија со 3:0 против Грузија ги заврши подготовките пред патувањето на ЕП, кое почнува на 11-ти јуни. Популарните „Лалиња“ се фаворити во нашата група, каде уште се наоѓаат Австрија и Украина.

Претходно, Холандија во првиот пријателски меч против Шкотска одигра 2:2.

Против селекцијата на Холандија, Македонија ќе игра на 21-ви јуни во Амстердам како последен меч од групната фаза.