Се поизвесно е дека играчот за врска Миралем Пјаниќ ќе биде најголемото разочарување на Барселона од минатата сезона. Иако дојде од Јувентус како големо засилување, сепак Босанецот не се снајде на “Камп Ноу“. Според последните информации, Барселона подготвува раскин на договорот или продажба. Едно е сигурно, дека за Пјаниќ нема да има место во Барселона следната сезона. Сепак, тоа него како да не го загрижува премнгу. Откако заврши сезоната, тој постојано се забавува. Беше на Азурниот брег, потоа дома во БиХ, па на Јадранско море, а сега со еден куп пријатели ужива во Грција.