Пред неколку месеци се радувавме, а денеска потсетуваме на легендарниот говор на коментаторот Тони Стојановски од Македонска Радио Телевизија во кој имаше емоции.

Тоа е натпревар кој исто така како и коментарот ќе останат запишани засекогаш во историјата на Македонија.

“Кога нè оспоруваат: и име.. и презиме.. и нација.. и ген… eве нè во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација. Ќе стојат мирно на нашата химна!

Зборовите на Стојановски се запишани и на влезот во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија.