Ким Асумсен, режисер во пензија, решил да го најде вистинскиот начин за забава за време на пандемијата.

Производ на неговото слободно време се уметнички дела во снегот, направени со чекорење.

За да ги реализира своите идеи, тој користел специјален софтвер кој ги пресметувал позициите, бројот на чекори и прецизно го одредувал местото во која насока да чекори по снегот.

Неговите уникатни дела се неверојатни. Одлична причина да ве инспирираме да направите и вие ваше дело во снегот, а притоа да бидете активни.