Неколку бугарски граѓани кои тргнале да го чествуваат роденденот на револуционерот Гоце Делчев во Скопје, се запрени и контролирани на границата Деве Баир. За ова извести и министерот за внатрешни работи на Бугарија Демерџиев. Канал 5 објави видео на кое се гледа како групата бугарски државјани е запрена на граничниот премин и револтирани поради тоа што не ги пуштаат да влезат во Македедонија влегоа во расправија со македонската полиција. Бугарските граѓани бараат да бидат пуштени да влезат во нашата држава и побараа од полицајците да не создаваат проблеми, а на видеото се слуша како еден од полицајците им вели, полека, ќе влезете, никој нема да создава проблеми.