Во рамките од 19 коло во најсилното шпанско првенство екипата на Реал Мадрид со конечен резултат 3:1 триумфираше на домашен терен против Атлетик Билбао.

Уште во 13 минута кај гостите Гарсија поради два жолти картони мораше предвреме да го напушти теренот на стадионот „Алфредо ди Стефано“.

Непосредно пред паузата домаќините дојдоа до предност со погодокот на Крос, но не се предаваа гостинските фудбалери иако беа со играч помалку, откако израмни Капа (52`).

Реал повторно бркаше позитива, а тоа го направи благодарение на Бензема кој двапати се запиша во листата на стрелците и ги донесе трите бода.

На табелата во „Ла Лига“ сега играчите на тренерот Зинедин Зидан со 26 бодови се на делба на првото место заедно со Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид со подобра гол-разлика од „кралевите“, со напомена дека „јорганџиите“ имаат два меча помалку.