Барселона со 5:2 го совлада Хетафе, но распоредот на табелата останува ист, бидејчи позитивен учинок во ова коло имаа и конкурентите. Но, Меси постигна два гола, Араухо и Гризман по еден, а еден беше автогол.

Сепак, по мечот сите зборуваат за реакцијата на Роналд Куман. Имено, тој при резултат 3:2 толку беше бесен на својот дефанзивец Мингеза, а тоа најдобро го покажува неговата реакција крај аут линијата и тоа што го извади од игра.

Сепак, по мечот Куман изјави дека можеби претерал со Мингеза.

-Можеби и претерав со потегот кон Мингеза, но младите мора да учат како е да настапуваш а Барселона. Но сепак, сакав Умтити да добие минутажа, а не поради тоа што бев лут на Мингеза“