Мал авион слетал на автопат во Калифорнија во вторникот, удрил во камион полн со луѓе и се запалил, а во несреќата нема повредени, пишуваат медиумите.

Advertisements

Авионот се срушил на автопатот во округот Риверсајд во близина на авенијата Линколн нешто по 12:30 часот, а несреќата била снимена на видео, пренесува „New York Post“.

Пилотот и еден патник во авионот успеале безбедно да излезат од авионот, а трите лица во камионот не се повредени.

Имено, пилотот рекол дека морал принудно да слета на автопатот откако му откажал моторот додека се движел кон аеродромот.

„Среќа што сообраќајот беше слаб и што пилотот безбедно слета. Избегната е голема трагедија“, изјавил капетанот Леви Милер од патролата на автопатот во Калифорнија./Makfax

Прикажи повеќе