Првиот вицепремиер Артан Груби, во изјава за порталот Zoom.mk вели дека точно е тоа дека актуелната опозицијата барала од Пендаровски амнестија за поранешнот премиер Никола Груевски.

-Да, точно е тоа. Претседателот на државата Пендаровски на еден од претходните состаноци, на кои што ги разгледувавме сите можности за да го продолжиме интеграцискиот пат на нашата земја, како и успешната реализација на Уставните измени, ни напомена, не информираше дека високи експоменти од раководството на ВМРО-ДПМНЕ му имаат испратено пораки и барања, да ја разгледа можноста да го амнестира бившиот премиер Никола Груевски, на што Пендаровски не извести дека нема никаква намера тоа да го направи и дека ги одбил сите тие иницијативи и барања. Но, симптоматично е тоа што овие барања доаѓаат од крила, или елементи во рамките на ВМРО-ДПМНЕ кои што не се задоволни од актуелното раководство, изјави Артан Груби за Zoom.mk.