Поп – ѕвездата Аријана Гранде им оддаде почит на луѓето кои беа убиени во терористички напад на нејзиниот концерт во Манчестер, Англија, во 2017 година.
На својот инстаграм – профил, пејачката напиша дека честопати мисли на нив и уште еднаш им оддаде почит.
„Иако тагата секогаш ќе биде присутна, нашиот однос со неа постојано се развива и се манифестира на различни начини секој ден, секоја година… Знам дека и оваа година нема да биде лесна“, напиша Аријана на својот инстаграм – профил.
Потоа, пејачката ги наведе имињата на 22 лица кои беа убиени во самоубиствен бомбашки напад извршен на 22.05.2017 година од страна на исламистички екстремист на крајот од нејзиниот концерт во арената во Манчестер.
Да потсетиме, во 2018 година, пејачката истетовира пчела зад увото, што е симбол на Манчестер, во спомен на нејзините трагично загинати обожаватели.