Наводно во Олимпиското село во Токио, со цел да се намали ширењето на коронавирусот, биле направени и поставени анти-секс кревети во собите на олимпијците. Биле направени од картон и наводно не можеле да издржат повеќе од едно лице.

Сепак, олимпиецот на Ирска, Рис Мекленахан сними видео со кое сакаше да покаже дека овие анти-секс кревети не функционираат, односно може да издржат поголема тежина од една личност.
Властите во Јапонија најавија дека по завршувањето на Олимпијадата, овие кревети ќе бидат рециклирани.